Најмалку четири лица загинаа во пожар што зафати зграда во областа Кампанар во Валенсија, потврди заменик директорот за итни случаи Хорхе Суарез.

Се трага по уште 19 исчезнати лица кои според нивните блиски се уште не се лоцирани. Пожар од големи размери зафатил две големи згради во кои живеат околу 450 жители, иако, нагласуваат локалните власти, таа бројка може да варира, пишува Ел Паис.

За само половина час пламените јазици ја зафатиле целата зграда, која била завршена во 2008 година.

Пламенот со огромна брзина се проширил на алуминиумските панели на фасадата, кои се обложени со полиуретан, силно запалив материјал, што го потврдила и Естер Пучадес од Технолошко-техничкиот факултет, која извршила вештачење во истиот објект. За ширење на пожарот придонесе силниот ветер.

Тој материјал е легален, но повеќе не се користи во оваа ера по трагедијата во Лондон кога изгоре зградата Гренфел Тауер каде што животот го загубија 72 лица.