Формула 1 ќе го одложи почетокот на новат он-лајн Ф1 телевизија. Првично беше објавено дека интернет услугата ќе биде достапна за првата трка од новата сезона што почнува претстојниот викенд во Мелбурн, Австралија.

– Ќе направиме стрес тест за време на овој викенд. Целта ни е да сме подготвени што е можно поскоро. Ова е нормален процес кога се започнува нов проект, а тестот нема да биде јавен, туку само внатрешен. Имаме луѓе во различни делови на светот кои ќе го тестираат системот и неговите функции, изјави неименуван извор за „Аутоспорт“.

Запрашан за евентуална датум на официјален старт, изворот одговара дека нема краен рок, но идејата е сето тоа да се случи што е можно поскоро.

Ф1 ТВ ќе се шири низ целиот свет, но само во оние земји во кои правата за дигитално емитување на трките од Формула 1 не се однесуваат на сопственикот на телевизиските права.