Во Брисел од денеска до 21 март ќе се одржи нова рунда разговори меѓу делегациите на Белград и Приштина на ниво на експерти.

Предвидено е темите на разговорите во Брисел да бидат примената на постигнатите договори за Заедницата на српските општини, енергетика, мостот во Косовска Митровица, слободата на движење и интегрираното управување со административните премини.

Делегацијата на Белград во овие разговори ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, додека на чело на приштинската делегација е Авни Арифи.

ЕУ порача дека е неопходно да се забрза динамиката на разговорите за примена на постоечките договори од рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. За таа цел, техничките делегации ќе се среќаваат секои две недели во Брисел.