Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,56 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 11.05.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 54,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 57,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар и од вечерва на полноќ дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг и ќе изнесува 19,498 ден/кг.
Од 19.05.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 54,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 57,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 47,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 19,498 (денари/килограм)
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.05.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Инаку минатата недела продолжи трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Цената на бензинот се зголеми во просек за околу 5,64%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 10,84%. Цената на екстра лесното масло порасна во просек за околу 13,64%, додека кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 12,81 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,099 %.
Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.