„Еуродизел (Д-Е V)“ поскапува за еден денар, додека „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 1,50 денар, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната црна на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнеува 67,50 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 69,50 денари, а „еуродизел (Д-Е V)“ по цена од 57 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 46,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,211 денари за килограм.