Во врска со објавената информација на Вашиот портал lider.mk под наслов,,Хорор во Психијатриската болница: ,,Пациентите и вработените оставени сами за себе“објавен на 15.04.2018 година, а го дополнивте со нова објава на текст под наслов: ,,Страв во Демир Хисар: Осудени штитеници на психијатриска болница се шетаат без обезбедување“Управниот одбор на седницата одржана на ден 18.04.2018 годиназа медиумот lider.mk  го дава следниот демант:

Не се точни наводите во информацијата и истите не соодветствуваат на реалната состојба во институцијата. Одговорно тврдиме дека инциденти во институцијата и надвор од неа откако е именувано новото раководство не се случиле.

Да се напише ,,Хорор во Психијатриската болница“ значи дека е надвор од здравиот разум на размислување и расудување, што сметаме дека е штетно и се одразува врз рејтингот и авторитетот на институцијата.

Постојат сериозни индиции дека лажните податоци за порталот се давани од одредени поединци вработени внатре во институцијата, кои што од политички или други само за нив познати причини подолго време се обидуваат да предизвикаат разни опструкции во нормалното работење на болницата и истовремено да и наштетат на репутацијата на институцијата.

Паушална е проценката дека не се исплаќаат плати согласно важечките акти за исплата на плати и тврдиме дека истите се исплаќаат согласно важечкиот Колективен договор за здравствена дејност на Република Македонија и Закон за вработените во јавниот сектор. Како не се сетија авторите на текстот да го посочат и фактот: како се зголемувани плати на вработени во институцијата надвор од актите што важат за платите, туку само со едноставна одлука донесена на Управен одбор за измена на Правилникот за организација и систематизација на работните места, се зголемувани плати на вработени што биле блиски до раководните структури на институцијата, и со право сме загрижени за овие аномалии.

Што се однесува до Агенцијата за обезбедување ќе наведиме само дека за таа јавна набавка се води судска постапка и тука нема што да одземеме или придодадеме. Енергично го демантираме фактот и тврдењето во дописот за вмешаност на партии и лидери и цврсто стоиме на ставот дека оваа институција е од јавен карактер и работи согласно важечките прописи. За никој не е резервирано по секоја цена да биде избран во постапка по јавна набавка бидејќи истата се спроведува согласно законот, како што предходно напоменавме истата е дојдена до фаза на судска постапка. Во болницата бегства се случувале кога објектот бил обезбедуван од страна на Агенцијата ,,Гарда“ иако објектот има видео надзор се случувале повеќекратни бегства,еден ист пациент континуирано бега за што има евиденција.Секое бегство на пациент се пријавува во МВР се додека штитеникот не биде пронајден. Не е оснавана ниту констатацијата дека во Болницата постои недисциплина па се појавуваат бегства итн., напротив, откако е именувано новото раководство бегства во ЈЗУ Психијатриска болница не се случиле.

Точно е дека оваа институција го раскина спогодбено договорот со Агенцијата за чистење ,,Бапал“ само од една единствена причина која беше од финансиски карактер, односно со пресметките што ги направи оваа институција се заштедуваа средства околу 500.000 денари, доколку чистењето го преземе самата институција и тоа така се направи.

Нема да толкуваме случаи на лица кои ни се доверени за лекување или чување. Се додека нашите штитеници се кај нас, ние имаме обврска да ги заштитиме по сите основи.  Делото кое е опишано, а се однесува на лицето кое есместено во оваа институција и сите зборови упатени кон него во претставката ги оценуваме како негова лична навреда и навреда на институцијата. Оваа институција се грижи за своите пациенти и во иднина тоа ќе го прави, а на посочениот пациент ќе му се пружи соодветна заштита од наша страна.

Во службатаза јавни набавки, се применуваат  законските прописи и процедури и сите склучени договори се објавуваат на официјалната страна на Бирото за јавни набавки,а исто така и  на официјалната интернет страна на ЈЗУ Психијатриската болница. Сакаме да потенцираме дека не се работи за задоволување на партиски интереси,а само ќе го посочиме фактот дека 90% од склучените договори во последните осум месеци се со истите економските оператори од предходните години на соработка.

Меѓутоа, како оние кои го пишуваа дописот не се сетија да ги спомнат и јавните набавки кои се водени без спроведени соодветни постапки согласно Законот, а една од нив Ви тврдиме дека е со вредност над 2 милиони денари. За истата не е потпишан договор за јавна набавка и истата не е спроведена согласно Законот и затоа Управниот одбор на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар инсистира тоа да биде објавено со цел и надлежните органи да сознаат  за овие пропусти во установата.

За работата на новото раководство постојат и видливи и мерливи показатели. За тоа како ги трошиме буџетските средства и парите на граѓаните, континуирано го известуваме Министерството за здравство. Наша цел е институцијата во правниот сообраќај да биде  препознатлива во донесување на законити одлуки. Тоа е пред се благосостојба за пациентите и Нашите вработени. Овае транспарентна и отчетна институција чија што работа и успех се мерливи.

Бидејќи не сме во можност овој демант да го објавиме на порталот lider.mk, ја информираме јавноста дека ќе поднесеме соодветна пријава до надлежните органи  против порталот lider.mk заради повеќе основи доколку не се извини јавно.

Со почит,

В.Д. директор
М-р. Татјана Лозановска