Напаѓачот на бразилската репрезентација и на Пари Сен Жермен, Нејмар успешно е опериран на десната нога во клиника во Бело Оризонте, соопштија од Бразилската фудбалска конфедерација.

Интервенцијата поминала нормално и во моментов Нејмар се чувствува добро.

Бразилецот го повреди десниот глужд при победата од 3-0 над Олимпик Марсеј минатата недела. Тој ја напушти принудно играта, откако беше изнесен на носилки на 25 минути пред крајот.

Медицинските истражувања потврдија дека Нејмар (26) има и скршена коска на десната нога. Бразилец се одлучи да се оперира за да биде целосно подготвен за Светското првенство во Русија во текот на летото. Се очекува да биде отсутен од теренот околу три месеци.

Петкратниот светски шампион Бразил ќе игра против Швајцарија на својот прв натпревар од СП на 17 јуни.