Општина Центар и Здружението за хумано домување Хабитат потпишаа Меморандум за соработка и Писмо за намери за соработка во областа на енергетската ефикасност во домувањето.

Со Меморандумот, кој го потпишаа градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и Извршниот директор на Хабитат Зоран Костов, двете страни се обврзаа дека ќе учествуваат во реконструкцијата на покривна конструкција и поправка и санација на лифтовите на станбените згради.

Цел е подобрување на условите за домување во станбените згради, јакнење на свеста за енергетска ефикасност, како и подигање на свеста за сопствено учество во одржувањето на станбените згради.

Со ова општина Центар презема обврска да ги поддржи реконструкциите на станбените згради, каде ќе има учество и е предвидено во програмата за енергетска ефикасност на станбени објекти.

Бенефитот за граѓаните е во подобрување на енергетската ефикасност во станбениот сектор преку планирање и мониторинг, јакнење на свеста, застапување и развој на финансиски модели за поддршка на семејства со ниски приходи.

„Ќе се изработи Регистар на станбени згради и Регистар на управители на станбени згради согласно Законот за домување, вклучувајќи ги и енергетските и градежните карактеристики на станбените згради во општина Центар. Значително ќе се подобрат условите за живеење“, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. Извршниот директор на Хабитат Зоран Костов изрази задоволство и посочи дека соработката ќе продолжи и ќе се интензивира.

Јавните повици за заинтересираните граѓани ќе бидат објавени за 10 дена во јавни гласила, соопштуваат од Општина Центар.