Општина Центар по повод немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9то одделение во ООУ ,,Јохан Хајнрих – Песталоци“ им даде препорака на сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан.

Општина Центар изразува сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.