Заменик-премиерот за европски интеграции Бујар Османи во објава на Фејсбук информира дека сите избрани и именува функционери од редовите на ДУИ решиле разликата на нивните плати над минималната, да ја донираат во Солидарниот фонд на Владата за борба против коронавирусот.

„Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас. Ние, министрите, заменик-министри и државните секретари во Владата, кои доаѓаат од редовите на ДУИ, одлучивме разликата на нашите примања, над минималната плата, да го донираме во солидарниот фонд на Владата“, пишува Османи.

Тој во објавата посочува и дека „борбата против Ковид-19“ сигурно ќе ја добиеме, но важно е притоа секој од нас да излезе подобар од истата“.