ХабИТ, прв центар во регионот кој нуди услуги за млади лица со попреченост и им помага да се подготват за започнување на свои кариери во ИТ секторот ќе биде отворен денеска во рамки на проектот на УСАИД за Социјална инклузија преку технологија имплементиран од фондацијата „иВоте“.

На отворањето на центарот ќе се обратат амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија е имплементиран од фондацијата „иВоте“ во соработка со „Отворете ги прозорците“ и „Здружението на студенти и млади лица со попреченост“ во Македонија.

Главната цел на проектот е да ја зајакне инклузијата и интеграцијата на младите лица со попреченост на пазарот на трудот, особено во брзо растечкиот сектор на информатичката технологија и да им помогне на организациите кои работат со лицата со попреченост да ги подобрат своите вештини во врска со вработувањето на овие млади лица.