Во нашата држава извесен период веќе има официјални фан клубови на неколку европски фудбалски гиганти, но дефинитивно се чини дека најорганизираниот навивачки клуб на странски клуб во Македонија го има турски Бешикташ.

Во Гостивар пред неколку дена беше официјализиран „Бешикташ ЈК Македонија“ – фан клубот на клубот од Истанбул, а притоа доби и модерни простори, на кои дури може да подзавидат и низа наши прволигаши.

Отварањето беше спектакуларно, со многу пиротехника, храна, но и навивачи на Бешикташ од цела Македонија.