Актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез победи на последните претседателски избори во клубот, на кои немаше против кандидат.

Перез по шести пај ја доби довербата за највлијателната раководна функција во слевниот клуб од Шпанија. Перез неодамна стана првиот претседател во клуб од Ла Лига кој се израдува на 1000 победи на клубот со кој тој раководи.

 

Перез за прв пат седна на претседателското столче на Реал Мадрид во 2000 година, во историјата ќе остане запаметен како човекот кој ги создаде пополарните „Галактикоси“ и човекот кој овозможи услови за Реал Мадрид да дојде до три титули во низа во Лигата на шампионите.