Водостоите на сите реки во Македонија се повисоки од вообичаените за март, но бележат благо намалување во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Вардар на мерното место кај Демир Капија, Брегалница кај Берово, Сушево кај Струмица и Црна Река кај Новаци каде има благо зголемување на нивото во однос на вчера.

Водостоите на Охридското и Дојранското Езеро се над просекот за овој месец, додека нивото на Преспанското е за два сантиметра пониско од просечното. Сепак Дојранското и Преспанското Езеро се под нултата кота, а Охридското е 32 сантиметра над нултата кота.