Папата Франциско на Велики четврток служеше миса во затворот „Реџина Коели“ во Ватикан, каде им ги миеше нозете на 12 затвореници. Меѓу нив, двајца муслимани, еден православен христијанин и еден будист.
„Секој има можност да го промени својот живот и да не биде жртва на осуда“ нагласил папата, кој во проповедот, пренесуван од Радио Ватикан, истакнал дека себе се смета за грешник.
Папата и за време на патувањата во странство ги посетува затворениците.