„Затоа им велам на мафијашите, променете се, браќа и сестри. Престанете да мислите на себе и на своите пари. Знаете, посмртниот ковчег нема џебови. Неможете да ги понесете со вас“ порача папата.

Папата на Сицилија го дочекаа илјадници верници, а неколку млади носеа транспаренти зо натпис „Ајде да ја обновиме црквата“.

„Живот им се дава на другите, не им се одзема. Неможете да верувате во Бога и да го мразите својот брат, земете живот со омраза“ им порача папата на мафијашите во Палермо, каде оддаде почит на свештеникот Џузепе Пуљиси, познат како Пино, кого мафијашите го убија пред 25 години.

Римокатоличката црква во 2013 година го прогласи Пуљиси за маченик.