Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, тврди дека австрискиот канцелар, Себастијан Курц, е голем пријател на Приштина и на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

„Тој е голем пријател на Косово и на нашиот сигурен пат кон ЕУ и НАТО. Австрија е сериозен инвеститор во областа на економијата и нѐ поддржува во сферата на демократизацијата, образованието и културата“, напиша Пацоли на својот профил на социјалните мрежи.

Фејсбук-статусот на Пацоли следеше по вчерашната посета во Виена, каде што Пацоли престојуваше заедно со претседателот Хашим Тачи.