Филип Петровски, кој и се придружи на Демократската фракција во ВМРО-ДПМНЕ денеска упати жестоки критики до лидерот Христијан Мицкоски и му порача дека на партијата не и треба театар и интерпелација, туку дека не смее да го признае Талат Џафери за легитимен претседател на Собранието.

Најголемата грешка на ВМРО – ДПМНЕ, според Петровски е тоа што Мицкоски тајно преговарал со Заев.

-Грешки прават секојдневно, а тие се позагрозувачки од тајните преговори со Заев. Преговорите финиширале на задоволство и на Заев и Мицкоски. Изјавија дека партиските комисии се договориле за се и сега ќе ги усвојуваат реформските закони. Ради театар за македонската јавност ќе се правела интерпелација. Не г-дине Заев и г-дине Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не треба да ви направи интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ не смее да го признае Џафери за легитимен, затоа што не е избран со 61 пратеник – рече Петровски.