Французинот Пол Погба е на заслужен одмор во својата татковина по напорната сезона во Манчестер Јунајтед, а во пресрет на стартот на подготовките за СП со селекцијата на „триколорите“.

Фудбалерот на „црвение ѓаволи“ во интервју истакна дека не е сигурен каде ќе игра следната сезона, но тоа сигурно нема да бид ПСЖ.

„Јас сум роден овде, тука ми живее мајка ми (Париз), но моите навиваат за Олимпик Марсеј, а не за ПСЖ. Па така никогаш не сум бил загреан за клубот од Париз. Имат добар тим, убав стадион, но сега за тоа не е време“ истакна Погба и се надоврза за Манчестер Јунајтед:

„Имам договор и тоа е сигурно, но тоа во фудбалот ништо не гарантира. Имав проблеми, ментални пред се. Мурињо ме остави на клупата, но ми ја даваше и капитенската лента, ме храбреше. Не мора да бидам најдобар другар со тренерот, јас сум професионалец, ги прифаќам сите одлуки. Кој знае што ќе биде, но не размислувам за трансфер, а немам ниту желба за заминување. Сега мислам само на Мундијалот и мојата Франција“, истакна Погба.