Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД се посветени на соработката со Северна Кореја за да обезбедат мир на Корејскиот полуостров. Тој ова го изјави денеска во Пјонгјанг за време на разговорите со севернокорејски официјални претставници. Помпео е во Северна Кореја за да ги финализира плановите за состанокот меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Официјални претставници на САД велат дека Помпео ќе ја притисне Северна Кореја и за ослободување на тројца притворени американски државјани, што веќе го најави Трамп. „Со децении сме противници, сега се надеваме дека можеме да работиме заедно за да го решиме овој конфликт“, изјави Помпео. Ова патување е второ на Помпео во Северна Кореја годинава. И за ова јавноста не беше запозната претходно.