Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е осуден на 10 години затвор поради оддавање државни тајни.

Одлуката ја објави судијата на Специјалниот суд Абдул Хаснат Зулкарнаин за време на сослушувањето во затворот Адиала во градот Равалпинди.

На 10 години затвор е осуден и лидерот Шах Махмуд Куреши, пренесува Sky news.

Кан е во затвор од август 2023 година поради обвиненија за корупција за кои тврди дека се политички мотивирани.