На улицата „Борис Сарафов” кај основното училиште „Мирче Ацев” во населбата Ѓорче Петров конечно е поставен семафор, кој се очекува да профункционира уште денеска.

Улицата „Борис Сарафов“ важи за критична точка во сообраќајот низ Ѓорче Петров и на неа во изминатата година се случија неколку сообраќајки во кои беа повредени главно деца.

„Во меѓувреме, се поставуваат и други сообраќајни знаци за регулација на брзината, а се означуваат и пешачки премини долж целата улица. Напоредно со семафорот, беше поставена и ограда кај училиштето, заради подобра безбедност, пред сè на децата. Наскоро очекуваме и уредување на зеленилото околу семафорот, заради подобра видливост на истиот“, велат од Општина Ѓорче Петров, додавајќи дека на улицата сообраќајната полиција врши зачестени контроли.