Во Скопје денеска ќе се одржи промоција на проектот „Родово рамноправна ЕУ интеграција? – градење капацитети на женските граѓански организации“.

На промоцијата ќе се обрати Софи Бемонт, програмска менаџерка за образование и род при Делегацијата на ЕУ.

Проектот има за цел да ја зајакне вклученоста на женските граѓански организации во реформите на процесот за ЕУ интеграција, преку партнерство и соработка со релевантни институции и механизми за креирање политики, како и преку вклученост во планирањето, програмирањето и мониторингот на клучните национални реформи поврзани со воспоставувањето на родовата paмноправност.

Проектот е финансиран од страна на Унијата претставена преку Делегацијата на ЕУ во Скопје, а се реализира во рамки на децентрализираната Национална програма за транзициона поддршка и градење на институциите, спроведувана од Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за финансии.

Воедно, проектот е кофинансиран од страна на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, Сида.