![FB_IMG_1618913527617](https://revolucioner.press/wp-content/uploads/2021/04/FB_IMG_1618913527617-696x464.jpg)
По повод 14ти април, денот на Царинската управа денес доделив 2 плакети со повелба на Британската служба за јавни приходи и царина и на Државниот пазарен инспекторат за долгогодишна успешна соработка.
Пофалница доби Г-ѓа Снежана Илиева како истакнат ликовен уметник која во повеќе наврати донираше уметнички дела и учествуваше во подготовки на значајни документи од меѓународни и национално значење.
На 11 царински службеници им доделив пофалници за постигнати исклучителни резултати во работењето, висок степен на ангажираност, вонредни залагања, самоиницијативност при спроведување на работните задачи, покажана одговорност и ентузијазам во работењето.