Во Скопје денеска првпат ќе бидат доделени наградите „Гласник на невидливите“ на новинари кои обработуваат социјални теми, поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост.

Доделувањето на наградите е дел од проектот „Journalism-prize goes international“ инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а го финансираат ЕРСТЕ Фондацијата и Европската мрежа против сиромаштија.

– Наградата „Гласник на невидливите“ е благодарност за новинарите кои пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи, велат од Македонска платформа против сиромаштија.