Претседателот на Владата на Република Македонија, утре вторник, 24 април 2018 година, ќе прими висока делегација предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лордот Џорџ Робертсон.

Во делегацијата која ја предводи Лорд Робертсон, ќе допатуваат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом на британскиот парламент, Роберт Гелбарт, амбасадор и член на Атлантскиот Совет, Ален Ле Роа, амбасадор на Република Франција, Генералот Берни Вајт Спанер, поранешен Командант на британските копнени сили, Зоран Чичак, советник за надворешни работи, Марк Лејти, поранешен специјален советник за комуникации на Генералниот Секретар и портпарол на НАТО, како и Сара Баденбо, како претставник на Дејмон Вилсон, Заменик Претседател на Атлантскиот Совет на САД.