Победа го совлада новиот првак Шкендија со 2-1 и направи голем чекор напред за бегство од опасната зона на табелата.

Победа освои многу важни бодови во дуелот со Шкендија (2-1). Зоран Даноски во 40.минута го најави изненадувањето, но само четири минути подоцна возврати Бесарт Ибраими.

Сепак, Филип Најдовски во 80.минута постигна победнички погодок за прилепскиот тим.