Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи е тема на деветтата информативна сесија од вкупно девет, која ќе се одржи денеска во Дебар во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Проектот се имлементира од Епи Центар Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Информативната сесија ќе биде разработена од страна на искусен предавач по што ќе се одвива дискусија со присутните на тема: „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“.