Со сослушување на сведоци денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Триста“ во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Прв исказ дава сведокот Ристо Ставревски вработен во МВР како виш советник за организациски работи во кабинетот на министерот.

Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.