Промоцијата на втората поетска книга на Ана Голејшка, „Напишан дом“ ќе се одржи на 30. мај, вторник во „Винил“ со почеток од 20 часот.

Поетесата Ана Голејшка го промовира своето второ дело, книгата „Напишан дом“.
„Ја нареков „Напишан дом“, затоа што последниве години песните што ги пишував беа покриви и темели од различни домови, што од срцето, што од умот…“, вели Ана Голејшка.
На промоцијата покрај Голејшка, стихови од нејзината книга ќе читаа Ѓоко Здравески, Билјана Стојановска и Снежана Стојчевска.
Книгата беше одобрена на конкурсот на Министерството за култура, а е во издание на книжевниот центар Антолог.