![98484483_1044469672601595_4859222455622828032_n](https://revolucioner.press/wp-content/uploads/2020/05/98484483_1044469672601595_4859222455622828032_n.jpg)
На 14.05.2020, врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1, во координирана акција помеѓу Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со одрога и оружје при СВР Скопје, бил извршен претрес во домот на Б.Н. од с.Арачиново, скопско. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со една рамка со 29 куршуми, пиштол „Глок 19“ со три рамки и 63 куршуми калибар 9 мм.
Б.Н. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.