Неколку минути после 22 часот, жителите на општина Карпош, од улицата “Московска” слушнале повеќе истрели од огнено оружје. Според изворот кој не информираше станувало збор за пукање од две возила, марка ауди и мерцедес кои се движеле по улицата. До овој момент настанот не е пријавен во полиција, и не е побарана лекарска помош во болниците.

На територијата на општина Карпош ова е второ пукање во рок од 30 дена, првото се случи во близина на хотелот ТЦЦ Плаза, кога напаѓач пукаше во возило во движење.
За тој случај МВР сеуште нема откриено сторител иако на тој потег на раскрсниците има повеќе камери.(Истрагата е во тек)