Заврши расправата по предлогот за разрешување на министерите за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

„За“ гласаа 62 пратеници, „против“ нема и „воздржани“ нема.

Меџити и Алиу се разрешуваат на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, откако тие се изјаснија дека го поддржуваат лидерот на Алијаса за Албанците, Арбен Таравари кој најави дека ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите.