Нема проблем меѓу Пол Погба и менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо. Ова го изјави францускиот агент Мино Раиола.

Во последните неколку недели, тренерот на Јунајтед ја изгуби својата доверба во Погба и почна да го остава на клупата, а тоа веднаш доведе до шпекулации за негов трансфер во други тимови, вклучувајќи и Реал Мадрид.

Но според еден од најпознатите агенти во светот, нема ништо слично.

– Јас не носам никого никаде. Не сум такси или авион. Се разбира, ако работите не одат добро, ќе бидам подготвен да ја завршам својата работата, а тоа е да најдам подобри решенија за клубот и играчот, рече Раиола.

Италијанецот отсече дека нема проблеми меѓу тренерот и еден од најскапите играчи на денешницата.

– Нема војна со Мурињо. Пол сака да победува со Манчестер Јунајтед, додаде агентот.