Службата за општи и заеднички работи при Владата на електронскиот систем за јавни набавки објави оглас за прибирање понуди за сервисирање на блиндираното службено возило „мерцедес S 600“.

Проценетата вредност без ДДВ која Владата планира да ја потроши за поправка е 1.694.915 денари или приближно 28 илјади евра. Критериумот за доделување на договорот е најниската цена. Од владата потврдија дека огласот се однесува на мерцедесот од предметот „Тенк“.

„Сè додека возилот е во сопственост на Владата на Република Македонија, за истото мора да се одвива редовен годишен сервисен преглед, во предвидениот износ. Оваа постапка се спроведувала сите години наназад“, велат од Владата за „Макфакс“.

Експремиерот Никола Груевски и останатите обвинети во предметот „Тенк“ на СЈО ја правдаа набавката на луксузниот „мерцедес“, кој чинеше 600 илјади евра, со образложение дека сервисирањето на постојаниот возен парк чини по десетина илјади евра.

Кривичниот суд за набавката на „мерцедесот“ на Груевски му одреди две години затвор. Владата првично најави дека ќе го продаде „мерцедесот“, па одлучи да пројде судскиот процес со правосилна пресуда.