Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ристески, од пред својата опожарена викендица во прилепско рече дека се сомнева оти зад пожарот стојат политички мотиви.
– Не можам ниту да се сомневам во некого ниту да посочам со прст. Единствено ми паѓа на памет дека ова е политички сторено дело. Очигледно некому му пречи мојата активност, дека ангажманот на Петар Ристески на некого му смета. Се сомневам дека пожарот е подметнат бидејќи во објектот нема никаков електричен приклучок, нема електрични апарати или плински уреди. МВР нека си ја врши својата работа и се надевам дека наскоро ќе ги пронајде не само сторителите на овој гнасен чин туку и нарачателите – изјави Ристевски.
Тој рече и дека не е прв пат да се посегне по неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство.
Тој испрати апел на помирување, затоа што, рече, политиката е натпревар на идеи.