Реал Мадрид победи со 2:1 на гостувањето кај Еибар во натпревар од 28.коло во шпанската Примера.

Кристијано Роналдо, по асистенција од Лука Модриќ, во 34. минута беше прецизен за водство на Реал Мадрид од 1:0.

Но, Еибар израмни преку Иван Рамис во почетокот на вториот дел.

Во продолжение и покрај шансите на Модриќ и Роналдо, неизвесноста траеше речиси до крајот, кога во 84. минута Роналдо го постигна вториот гол на натпреварот и му донесе победа на Реал.

На табелата Реал има 57 бода и е трет, второпласираниот Атлетико има 61, а Барселона е недостижна со 69.