Златан Ибрахимовиќ призна дека е сериозно искушуван од можноста да заигра во странство и на тој начин во голема мера потврди дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната.
Уште вчера, менаџерот на тимот, Жозе Мурињо изјави дека тоа најверојатно ќе биде последната сезона на Швеѓанецот на „Олд Трафорд“, откако во оваа кампања тој има доста здравствени проблеми и по само седум учества, не бил на теренот од 26 декември минатата година.
Се зборува дека Лос Анџелес Галакси има сериозна желба да го привлече Ибрахимовиќ, кој очигледно исто е охрабруван за таква можност, со која би ја продолжил кариерата уште малку.
– Не знаев дека толку многу Швеѓани одат да играат во МЛС. Тоа значи дека е примамливо да се игра во САД. Лос Анџелес е убав град каде што бев на одмор. За мене секогаш постојат гласини, што е убаво, бидејќи значи дека сум жив, изјави во типичен стил Ибрахимовиќ.