Раководството на премиерлигашот Саутемптон одлучи да го отпушти менаџерот Маурисио Пелегрино по серијата лоши резултати.

Незадоволството кај управата и навивачите на клубот кулминира по поразот од Њукасл (3:0) претрпен викендот, а заедно со 46-годишниот Аргентинец, стручниот штаб ќе го напуштат и неговите асистенти Карлос Компањучи и Ксавиер Тамарит.

На осум рунди до крајот на Англиското фудбалско првенство, Саутемптон има 28 бода, само еден повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.

Се очекува во следните 48 часа да биде познат наследникот на Пелегрино на клупата на Саутемптон.