Обвинителството го повлече обвинението за еден од обвинетите за нападот на пратеникот Зијадин Села за време на нередите во Собранието од 27 април минатата година. Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, одлуката е донесена по анализа на нова снимка и сите досега изведени докази.

Притоа утврдено е дека Сашо Сенков не го сторил делото што му се става на товар.

За две други лица, Ц.Ѓ. и С.П., обвинението е преквалификувано, од обид за убиство во кривично дело насилство. За седум од 10-те лица останува обвинението за обид за убиство.

Врз основа на дополнителните сознанија Обвинителството презема и понатамошни дејства за целосно расветлување на настанот во поглед на оштетениот Зијадин Села.