Почитувани Роми, вие сте интегрален дел од македонското општество, и од денот на независноста па до денес давате несебичен придонес во градењето на заедничко општество на рамноправни граѓани.

Денес во Република Северна Македонија, Ромите граѓани ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик и да ги развиваат својата култура и традиции и активно да учествуваат во креирањето успешни политики што водат напред.

Како одговорна партија остануваме доследни на концептот на едно општество за сите. Со заедничка посветеност ги чуваме и надградуваме различностите кои се богатство на нашата татковина, со која секогаш сме се гордееле.