Денес во касарната Ѓорче Петров од страна на Друштво за информатичка технологија „СЕАВУС ДООЕЛ“ беше предадена донација за Македонскиот полициски синдикат во вид на средства за дезинфекција МУЛТИСЕПТ ФОРТЕ и тоа вкупни 1.200 канистри од по 10 литри концентрат или 24 тона средство за дезинфекција на работни простории и возила на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за финансова полиција и Противпожарните единици ширум целата држава.

Како општествено одговорна компанија ја препознавме иницијативата и одговоривме позитивно на барањето на Македоснкиот полициски синдикат и се надеваме дека со оваа донација ќе придонесеме кон подигање на степенот на заштита на нашите чувари ширум републиката – изјавија од менаџментот на „СЕВАУС ДООЕЛ“.

Во мое лично име и во име на сите членови на Македонскиот полициски синдикат сакам да изразам јавна бладодарност до општествено одговорната компанија „СЕВАУС ДООЕЛ“ која се одважи на нашето барање и донира значително голема колицина на средства за дезинфекција кои средства уште од денешниот ден ќе започнеме да ги дистрибуираме во сите објекти на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за финансова полиција и Противпожарните единици ширум Република Северна Македонија, а се со цел навремена дезинфекција на сите простории и сите возила кои што ги користат вработените во погоре споменатите институции – изјави Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев.