Секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија поддржува да се расчисти случајот со полицајката која беше нападната од висок функционер на ДУИ.

Претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека ова треба да се направи за да се зачува достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја работата.

– Впрочем и Полицискиот синдикат кој е членка во ССМ издаде своја наредба да се испита случајот со цел да се зачувуа достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја вршела својата работа, изјави Гелевска пред почетокот на Конференцијата за поддршка на кампањата „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот“.