Зијадин Села од Алијансата за Албанците на собраниската дебата за интерпелацијата на опозицијата против владата на Заев нагласи дека се работи за обичен театар, без суштинска дебата со цел македонската опозиција да се врати во Собранието.

– Алијансата за Албанците е дел од собраниската опозиција и ние нема да бидеме дел од овие политички игри за да ја поддржиме вашата интерпелација за актуелната Влада, рече Села.

Тој смета дека нема суштинска реформа во правдата, не е добра состојбата на децата Албанци во градинките и образованието, во државата има етничка поделба и треба одговорност во секторот култура.

За разлика од поддршката што Алијансата за Албанците ја даде за изборот за Владата, Села рече дека овој пат ќе гласаат воздржано.