Шпанските медиуми јавуваат дека Серхио Рамос одлучил да не го продолжи договорот со мадридскиот клуб, кој истекува на 30 јуни.

Наводно, тој веќе го известил Флорентино Перез за тоа.

Рамос дојде во Реал од Севилја во 2005 година, неодамна наполни 35 години и веќе е во залезот на кариерата, а во Реал се промовираше во еден од најдобрите дефанзивни играчи на сите времиња.

За Реал одигра 670 натпревари и постигна дури 101 гол.