Импакт Фондација заедно со Women in Tech Macedonia преку покровителство на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) во текот на вчерашниот ден успеа да ја оддржи втората обука од проектот “ Силни мали производители водени од бизнис” наменета кон проучување на маркетингот и како правилно да се искористи од малите производители за правилно пласирање на нивните производи на пазарот.
Малите производители имаа прилика да се запознаат со практични алатки кои се бесплатни и лесни за користење, социјалните мрежи и како до нивно правилно користење. Според еден од експертите присутни на настанот ,, во денешно време многумина ако не и 90% од луѓето поседуваат уреди за комуникација, притоа треба само еден клик за некој успешно да стане Ваш купувач”.
Инаку проектот “Силни мали производители водени од бизнис” е започнат кон крајот на 2020 како одговор на предизвиците кои пандемијата ги изрази кај нашиот систем за производство на храна, потиснувајќи ги малите производители кон работ на невработеност и слаб пласман на производи.
Токму со овие активности се зајакнуваат капацитетите на малите производители, а во понатамошниот дел од проектот се очекува и пронаоѓање на нови канали на дистрибуција и соодветни маркетинг кампањи наменети за помош на производителите.