Турските власти приведоа четворица осомничени екстремисти на џихадистичката група Исламска држава во крајбрежниот град Измир. Меѓу осомничените се наоѓа „емирот“ на Деир ел Зор, град во источниот дел на Сирија. Другите тројца осомничени исто така имале високи позиции во екстремистичката група.

Турскиот весник „Хуриет“ пишува дека осомничените се прикривале меѓу сириските бегалци во обид да преминат во Европа. Според весникот, четворицата екстремисти се уапсени во рамки на операција на турската разузнавачка агенција и полициската антитерористичка единица. Тие се однесени на сослушување во полицискиот оддел за тероризам во Измир.