Некогаш се сметаше за политичка и воена сила во Блискиот исток со богата економија, античка археологија и иновативна IT индустрија. Целото ова е големо минато откако во Сирија веќе седум години преовладува граѓанска војна во која се вмешани и најголемите светски сили и коja стана бојно поле за Русија и западните сили.
Денеска, градовите во Сирија се уништени, а повеќе од 500 илјади Сиријци починаа во конфликти, додека повеќе од шест милиони побегнаа од таа земја.
Граѓанската војна почна во 2010 гдоина, кога половина од некогашната популација влезе во конфликти поддржувајќи го претседателот Башар ал Асад, додека опозицијата им се приклучи на воените сили на другите групи и џихадистите, што доведе до неверојатно зајакнување на терористичката организација Исламска држава.
Иако земјата е денеска речиси цела во рушевини, порано не беше така.
Сирија е една од земјите со најдолга и најсофистицирана историја во светот. Таа беше дел од некои од најголемите царства во светот, вклучувајќи ги египетското, персиското и романското.
Сириските градови одликуваа со неверојатна енергија, а посебно со многу пазари кои беа главно место за среќавање на сите жители, односно претставуваа еден посебен вид на култура и најдобар начин кој го отсликуваше менталитетот на овој многу дружељубив народ.
Некогаш еден од првите градови на светот, Алепо, претрпе најголема штета и беше центар на најкрвавите конфликти.
Верувале или не, овој град некогаш беше еден од најголемите индустриски и комерцијални центри во Сирија, пред да го уништи седумгодишната војна.