Поранешниот директор на британската Ко-оперативна Банка Пол Флауерс денеска доби забрана за работење во финансиската индустрија во следните пет години.

Флауерс (67) беше вмешан во сериозен скандал пред пет години, кој се закануваше да ја уништи седмата по големина банка во Британија. Тој беше обивнет за неспособност откако беше откриена дупка од 1,5 милијарди фунти во салдото на банката, а беше уапсен и поради поседување на неколку видови дрога, вклучително и кокаин.

Полицијата откри и сексуално експлицитни фотографии на службниот мејл, што беше особено тежок удар за Флауерс кој бил и методистички свештеник. Финансискиот регулатор ФЦА донесе одлука дека Флауерс не ги исполнува условите за работење во британскиот главен финансиски центар.

Банката беше спасена со интервенција на американски финансиски фондови, кои покрија дел од нејзините долгови.