Темата за сексуалното насилство ги одбележа речиси сите настани оваа година како и неодмнешното доделување на наградит во светот на забавата – Оскарите, Златниот глобус и Еми, а ќе ги одбележи и Нобеловите награди. Прашање е дали воопшто ќе се додели Нобелова награда за книжевност оваа година.

Шведската академија, која ги одбира добитниците на Нобеловите награди, објавила дека за тоа ќе се донесе одлука на 3 мај. Доколку одлучат дека оваа година нема да има доделување на таа награда, следната година ќе има два добитници.

Главната причина е скандалот со сексуалното насилство. Имено, за сексуално насилство е обвинет сопругот на поетесата Катарина Фростенсон, која е член на академијата. Тој е познат француско шведски фотограф Жан Клод Арнолт, а за насилство го обвиниле 18 жени во период од 20 години. Тој ги напаѓал во просториите на Шведската академија во Шведска и Париз, пренесува Гардиан.

Фростенсон и Арнолт со години биле моќен пар на шведската сцена. Тие воделе приватен културен клуб кој добиваше донации од Шведската академија сè додека не го затворија поради обвиненијата за сексуално насилство на Арнолт. Шведските медиуми пишувале дека Арнолт е виновен и за информациите кои протекле и дека ги открил имињата на седум Нобелови добитници за нагарадата за книжевност, вклучувајќи го и Боб Дилан и Харолд Пинтер.

Кога оваа информација излезе во јавност, колегите ја повикале Катарина да го отстапи своето место од членството во академијата. Таа е суспендирана, а исто така од академијата се повлекле и многу други членови како секретарката Сара Даниус кој е првата жена на таа позиција и е дел од академијата од 1786 година. Нејзиното доброволно заминување ги налути останатите членови, велејќи дека жената плаќа за гревовите на мажот.

“Не сите традиции вредат да се чуваат”, рекла Сара Даниус и ја повикала Шведската академија да се бори против злоупотребата на машката моќ и лошиот третман на жените во општеството.